Се решава иднината на талентираниот Србин

Лотито и Лацио поставија ултиматум, Реал и Јуве се на потег доколку го сакаат Милинковиќ Савиќ

Реал Мадрид и Јувентус ќе имаат битка надвор од теренот за услугите на Сергеј Милинковиќ Савиќ но ќе мора брзо да реагираат откако Клаудио Лотито и Лацио поставија ултиматум.

Сергеј Милинковиќ Савиќ и денеска е топ тема на трансфер шпекулациите. „Тутоспорт“ пренесе дека Реал Мадрид и Јувентус ќе се борат за потписот на Србинот. Милан е последниот клуб кој пројави интерес но „Росонерите“ немаат финансиски средства за реализирање на една ваква зделка.

Но како што стојат работите во овој момент, ниту еден клуб нема испратено конкретна понуда, и доколку некој сака да го купи Сергеј Милинковиќ Савиќ ќе мора брзо да реагира.

Како што пренесува „Република“, Клаудио Лотито не сака сапунска опера, па поставил ултиматум. Првиот човек на Лацио ги известил агентите на играчот како и сите посредници дека мора да донесат официјална понуда до недела. Доколку до крајот на викендов не пристигне конкретен предлог, Сергеј Милинковиќ Савиќ нема да биде продаден и ќе продолжи да го носи дресот на „Бјанкочелестите“.

Се верува дека Клаудио Лотито нема да прифати понуда пониска од 120 милиони евра, па сега на потег се Реал Мадрид и Јувентус.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе