Живеел како крал, во еден ден купил три автомобили

Лошото момче Боатенг кажува како не треба: Бев идиот, последен доаѓав на тренинг и прв си одев

Кевин Принц Боатенг се потсети на глупостите кои ги правел кога бил млад, како гледал што побрзо да избега од тренинг и како во еден ден купил Ламборгини, Хамер и Кадилак.

Германецот, кој реши да ги брани боите на Гана, важеше за еден од поголемите таленти но никогаш не го достигна својот потенцијал. Поради своето однесување надвор од терените, тој доби етикета на лошо момче.

Во разговор со Ла Република, Кевин Принц Боатег раскажува за грешките на почеток од кариерата, кога имал одвишок на пари и се обидувал да си купи среќа наместо да се избори за неа со напорна работа на терените.

„Ако се навратам на минатото ќе речам дека фудбалот не го третирав како работа“ – вели 32 годишниот фудбалер на Фиорентина.

„Бев идиот. Имав талент, но тренирав минимално, само еден час на теренот. Бев последен кој доаѓа и прв кој си оди. Преферирав да бидам излезен со другарите. Имав пари, живеев како крал. Никогаш не сум бил во теретана, и цената за ова се плаќа подоцна во кариерата“.

„Во еден ден купив три автомобили кога бев дел од Тотнем: Ламборгини, Хамер и Кадилак. На младите играчи им кажувам, „Среќата не се купува“. Не играв, имав семејни проблеми, бев надвор од составот. Се обидува да ја пронајдам среќата во материјални работи. Нов автомобил ве прави среќен една недела. Купив три и бев среќен три недели“.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе