По новата елиминација од ЛШ, „граѓаните“ ќе го одврзат ќесето

Лоши вести за Јувентус, Сити и Гвардиола рушат рекорди и плаќаат 120 милиони евра за бисерот на Бенфика!

Манчестер Сити се посочува како нов фаворит во трката за потписот на тинејџерот Жоао Феликс, „граѓаните" на Бенфика и плаќаат 120 милиони евра.

Пеп Гвардиола во средата доживеа нова елиминација во Лигата на шампионите, трета откако го превзеде кормилото на Манчестер Сити (претходно три години губеше во полуфиналето и на столчето на Баерн Минхен). 

Граѓаните“ можат да ја загубат и битката за Премиерлигата (имаат два бода помалку од Ливерпул, но и натпревар помалку) па Пеп Гвардиола веќе крои планови за уште посилен тим за следната сезона. 

Од Португалија пристигнуваат информации дека Манчестер Сити избил на чело во трката за потписот на Жоао Феликс. Во емисијата „Маис Бастидорес“ на ТВИ (телевизија блиска до Бенфика) беше објавено дека клубот од Етихад ќе плати 120 милиони евра, колку што е откупната клаузула на играчот. 

Талентираниот тинејџер е тип на фудбалер кој му се допаѓа на Гвардиола па стратегот побарал од лидерите на клубот да направат напор и да ја победат конкуренцијата. 

Јувентус пројавува сериозен интерес за Жоао Феликс и се обидуваат да го искористат добриот однос со агентот Жорж Мандеш како и присуството на Кристијано Роналдо во тимот за да дојдат до следната ѕвезда од Португалија. Сепак, Бенфика експресно ја одби нивната понуда од 75 милиони евра. 

Доколку Манчестер Сити го ангажира фудбалерот за 120 милиони евра, тоа ќе биде нивни рекорден трансфер, но и рекордна зделка на клуб од Премиерлигата.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе