Лоши вести за Барселона и Роналд Куман, подолго време нема да можат да сметаат на Филипе Кутињо.
Бразилецот синоќа се повреди против Еибар, а тестовите извршени утрово покажале оштетување на менискусот во левото колено.
„Каталонците“ брифираат дека играчот мора да направи артроскопска операција и во следните денови ќе биде извршена интервенцијата.
Како што пишуваат медиумите од Шпанија, Филипе Кутињо ќе паузира околу 4 месеци.