ЦР7 е повреден

Лоши вести пред големото дерби на Манчестер, Роналдо нема да игра!

Голем број на извори пренесуваат дека Кристијано Роналдо нема да игра на големото дерби на Манчестер, Португалецот поради повреда ќе ја пропушти пресметката со лутиот градски ривал.

На неколку часа пред дуелот помеѓу Манчестер Сити и Манчестер јунајтед, голем број на извори од „островото“ пренесуваат дека Кристијано Роналдо ќе го пропушти натпреварот.

Гласините за отсуство на ЦР7 почнаа уште доцна синоќа откако тој не пристигна во хотелот Лоури со експедицијата на „ѓаволите“.

Сега се пишува дека Кристијано Роналдо е повреден и нема да игра против лутиот градски ривал.

Останува да се види дали ова ќе биде голем удар за Манчестер јунајтед, Гери Невил смета дека отсуството на ЦР7 всушност може и да им оди во прилог на „ѓаволите“ и тактичките замисли подобро да се одработат без напаѓачот во составот.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе