Ќе продолжи со индивидуални тренинзи

Лоша вест: И новиот тест на Барди на ковид-19 е позитивен

Енис Барди нема да може да им се приклучи на соиграчите откако и денешниот тест на фудбалерот од средниот ред е позитивен на коронавирус.

Енис Барди денеска доби дозвола да ја напушти изолацијата и да почне со индивидуални тренинзи, но фудбалерот од средниот ред ќе почека за да им се приклучи на соиграчите.

И новиот тест на Енис Барди на ковид-19 е позитивен, па тој не смее да има контакт со останатите членови на Македонија.

„Црвено-жолтите“ утре ја имаат „генералката“ со Казахстан а во вторник ќе патуваат во Букурешт. Се очекува Енис Барди во понеделник одново да биде тестиран, по што ќе се знае дали тој ќе отпатува со експедицијата на Македонија во Романија.

Избраниците на Игор Ангеловски авантурата на ЕВРО 2020 ја започнуваат на 13. јуни против Австрија.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе