ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Лоша последна четвртина, Карпош Соколи поразен пред своите фанови од Калев Крамо

Со негатива од 8 поени „Соколите" ќе патуваат за Естонија и реваншот против Калев Крамо во првото коло од квалификациите во Лигата на шампионите

Карпош Соколи е пред елиминација уште на стартот во најелитното кошаркарско натпреварување под капата на ФИБА.

Вечерва, во Скопје, „Соколите“ загубија со 79-87 во дуелот со естонскиот Калев Крамо.

Кобни беа првата и последната четвртина, особено завршните минути од средбата, кога избраниците на Даскаловски како да снемаа сила и направија еден куп грешки.

По слабите воведни 10 минути, кои противникот ги доби со 18-25, „Соколите“ влегоа во ритам, успеја да го свртат резултатот во своја корист, и со позитива од +4 да влезат во последната четвртина.

Но таму целосно потфрлија, противникот овој период го доби со 17-29 и си обезбеди победа од 78-87 пред реваншот кој се игра во Талин за два дена.

Во редовите на Карпош Соколи прв стрелец беше Тадеус Мекфејден со 23 поени, а Кире Николовски средбата ја заврши со 16 поени.

Кај гостите, Мезеика запиша 19 поени а Јоесар 18 поени.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе