Пред повеќе од 25.000 публика на „Филип Втори“

Љамчевски погоди, Вардар елиминиран од Апоел во Скопје (ФОТО+ВИДЕО)

Ништо од „европскиот“ сон, од „европскиот“ Вардар. Црвено-црните се сопнаа на првата пречка во квалификаците од Лигата на шампионите. Ремизираа со Апоел 1:1 на реваншот на „Филип Втори“, со што тимот од Кипар се пласираше во следното коло, а на Вардар му остана само да ѝ се заблагодари на публиката, која дојде во голем број. Храбра игра и пристап, но недоволни за пласман во следната фаза ... 

Вооведните 10 минути не донеса поголемо возбудување за гледачите на „Филип Втори“, а првата посериозна шанса ја имаше Апоел преку Пиерос во 12. минута, но Пачовски не дозволи да биде отворен резултатот.

Филипе Луиз со удар од дваесетина метри на средина од полувремето се обиде да го совлада Бој, но за среќа на Кипраните, топката заврши крај нивниот гол.

Следната посериозна шанса за Вардар дојде од од прекин, Горан Попов го изведе слободниот удар од левата страна, по што Грнчароб биеше непрецизно со глава кон голот на Апоел. Непосредно по шансата на црвено-црните, гостинот се закани преку Марио Серџо, но ударот не беше доволно прецизен за да го надмудри Пачовски.

Сумирано, во првото полувреме и двата тима имаа по неколку шута, единствената разлика се состоеше во тоа што Апоел успеа еднаш да го погоди голот на Пачовски, а Вардар ниту еднаш не биеше прецизно.

Во второто полувреме работите не се одвиваа во посакуваната насока за Вардар, Винсент по асистенција на Вангер во 60-тата минута реагираше присебно и го матираше Пачовски.

Во продолжение „вардарци“ се обидуваа да направат рамнотежа, но противникот не дозволи премногу надигрување пред неговиот гол. 

Бараше Андреев повеќе агресивност на средината на теренот, но ги внесе во игра и Љамчевски и Стојков а подоцна и Ивановски и тоа донесе израмнување во 94. минута.

Љамчевски погоди и се погрижи за еуфорични последни две минути. Сепак немаше време за уште еден гол, а со тоа кипарскиот тим се пласираше во следната фаза.

Вардар ја заврши епизодата во Европа, ќе чека нова шанса во иднина со надеж дека следната прилика подобро ќе ја искористи.




Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе