Лига на шампиони

Ливерпул со стил го завери првото место, го декласираше Спартак Москва со 7-0! (ВИДЕО)

„Црвените" си ги закомпликуваа работите откако во минатото коло дозволија Севиља да се врати од 0-3, но вечерва во голем стил го заверија првото место и го декласираа Спартак Москва

Ливерпул не дозволи ново изненадување, по киксот на гостувањето во Севиља, избраниците на Клоп ги одиграа сите 90 минути на ниво и славеа со убедливи 7-0.

Резултатот го отвори Филипе Кутињо, Бразилецот погодои од пенал веќе во 4. минута. Истиот играч зголеми на 2-0 во 15 минута. Дебакалот на гостите се наѕираше веќе во 19. минута кога Фирмино донесе 3-0.

На стартот од вториот дел следуваа два брзи погодоци. Најпрво Мане во 47. минута се запиша во листата на стрелци, а потоа Кутињо комплетираше хет-трик во 50. минута.

Иако се беше јасно, домаќините продолжија да напаѓаат, па Мане со убав волеј донесе 6-0 во 76. минута.

Десет минути подоцна, и Салах си поигра со противничките дефанзивци и стрелаше прецизно за убедливи 7-0.

Резултати Лига на шампиони:

Феенорд - Наполи 2:1
Ливерпул - Спартак Москва 7:0
Марибор - Севиља 1:1
Порто - Монако 5:2
РБ Лајпциг - Бешикташ 1:2
Реал Мадрид - Борусија Дортмунд 3:2
Шахтар - Манчестер Сити 2:1
Тотнем - АПОЕЛ 3:0

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе