Јирген Клоп побарал од бордот да го ангажираат Шпанецот

Ливерпул се договорил со Алкантара, пречка е трансфер сумата која ја бара Баерн

Ливерпул се договорил со Тијаго Алкантара откако Јирген Клоп дал зелено светло за ангажман на Шпанецот, „црвените" сега треба да најдат дил со Баерн Минхен за висината на трансферот.

Во последните неколку недели често се шпекулира за трансфер на Тијаго Алкантара. Од таборот на Баерн открија дека се било договорено за играчот да продолжи во Минхен, му исполниле се што посакал, но тој во последен момент се предомислил.

Енфилд се посочува како следна дестинација на фудбалерот од средниот ред и последните гласини велат дека Јирген Клоп дал залено светло за негов ангажман и го известил бордот на директори дека го сака играчот во својот тим.

Наводно Ливерпул веќе се има договорено со Тијаго Алкантара и сега останува уште шампионот на Англија да пронајде дил со Баерн Минхен за висината на трансферот.

Се шпекулира дека „црвените“ понудиле 25 милиони евра, додека пак „баварците“ бараат 40 милиони евра.

Останува да се види дали клубовите ќе се најдат на средина, Баерн Минхен е во незгодна ситуација со оглед на тоа што Тијаго Алкантара е под договор до јуни 2021, и следното лето може да замине без обесштетување.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе