Премиерлига

Ливерпул прими три гола, но му даде дури пет на Челси! (ВИДЕО)

Последниот натпревар на Енфилд сезонава за Ливерпул беше вистинско гол шоу, црвените во дерби меч го победија Челси со 5-3. 

Резултатот беше отворен во 23. минута кога Кеита со прекрасен гол му донесе водство на Ливерпул од 1-0.
 
Во 38. минута Александер Арнолд од слободен удар исто така постигна маестрален погодок за предност на црвените од 2-0. Само пет минути подоцна Вајналдум зголеми и на 3-0.
 
Пред самиот крај на првото полувреме Жиру намали на 3-1 и донесе каква таква надеж за Челси.
 
По десет минути игра во вториот дел Фирмино зголеми на 4-1, но потоа следуваше шоу на Пулишиќ. Тој влезе во 59. минута а две минути подоцна имаше вистински слалом ми асистенција до Абрахам кој погоди за 4-2, а во 73. Пулишиќ и самиот постигна гол за само еден негатива, 4-3.
 
Сите надежи на Челси ги сруши Окслејд Чембрлејн кој во 84. минута ги постави конечните 5-3.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе