Премиерлига

Ливерпул прими гол по 725 минути, Фирмино во финишот сепак се погрижи за ново славје (ВИДЕО)

Ливерпул со три бода си замина од незгодното гостување на „Молињу", Роберто Фирмино погоди на шест минути до крајот за триумф од 1-2 над Вулверхемптон.

Во последниот меч од 24. коло во Премиерлигата, Ливерпул славеше на гостувањето кај Вулверхемптон и остана на +16 на врвот на табелата. Избраниците на Јирген Клоп по 725 минути или 50 дена, конечно примија гол во Премиерлигата, но Роберто Фирмино во финишот се погрижи за ново славје.

„Црвените“ поведоа во 8. минута, Хендерсон скокна највисоко по еден корнер и донесе 0-1. Домаќините се вратија во игра на стартот од вториот дел, Хименез и Траоре одработија одлична акција која Мексиканецот ја заврши за 1-1.

„Волците“ во продолжението од мечот беа подобар пртоивник, Ливерпул се мачеше, но покажа шампионски менталитет, искористи една неодлучност во одбраната на домаќините и дојде до триумф од 1-2 во 84. минута.

Жота имаше прилика да му откине два бода на фаворитот во судиското надополнување, но Португалецот лошо биеше од изгледна позиција од пет метри.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе