И покрај големиот број на фудбалери кои им недостасуваат, Ливерпул одигра брилијантна партија против Вулвс, тимот на Клоп покажува зошто е шампион и дека е најголем фаворит за титулата и оваа сезона.
Мечот го отвори Салах во 24. минута, со тој резултат се замина и на одморот.
Во 58. минута Вајналдум постигна убав гол и го зголеми водството на 2-0, десет минути подоцна Матип реализираше со глава за 3-0, веќе беше јасно кој е победнкот.
Конечните 4-0 беа поставени на десетина минути до крајот на мечот, Семедо си постигна автогол.
По 11 кола Ливерпул има исто бодови како и Тотнем, само поради полошата гол разлика се на второто место.
Во следното коло му гостуваат на Фулам, а потоа го пречекуваат Тотнем на Енфилд во големото дерби.