Премиерлига

Ливерпул покажа шампионски менталитет кај Кристал Палас, Лаказет во 96. минута спречи пораз на Арсенал (ВИДЕО)

Ливерпул забележа уште една победа и остана на +8 на врвот откако стигна до три бода на гостувањето кај Кристал Палас со гол на пет минути пред крајот, Лаказет длабоко во судиското надополнување спречи срамен пораз на Арсенал.

Ливерпул покажа шампионски менталитет против Кристал Палас. „Црвените“ примија гол во 83. минута, Заха изедначи на 1-1, но само две минути подоцна Фирмино реализираше по една мешаница и донесе триумф од 1-2 за задржување на предноста од осум бода на врвот на табелата. Претходно, ВАР поништи гол за водство на Кристал Палас во финишот од првиот дел, а веќе на стартот од вториот Мане погоди за предност од 0-1 за избраниците на Клоп.

Лаказет беше двоен стрелец, но Французинот немаше многу причини за радост бидејќи во 96. минута го спаси Арсенал од срамен пораз против Саутемптон и беа испуштени бодови во трката за местата кои водат во Лигата на шампиони.

Гостите го отвроија резултатот во 8. минута, Бертранд итро брзо изведен слободен удар и го испрати Ингс осамен пред Лено, а напаѓачот знаеше како да ја искористи приликата и да ја затресе мрежата на „топчиите. Десет минути подоцна, Лаказет изедначи, напаѓачот се најде на право место и една одбиена топка ја смести зад грбот на гостинскиот голман. Саутемптон се врати во предност во 72. минута, Ворд Праус најпрво промаши пенал но прв стигна до топката и донесе 1-2. Сепак Лаказет го имаше последниот збор и длабоко во судиското надополнување спречи славје на „светците“ со рутински финиш од пет метри.

На останатите натпревари од 16 часот, гостите доминираа. Вулверхемптон со 1-2 го совлада Борнмут, Лестер со 0-2 го победи Брајтон, Норич го изненади Евертон исто така со 0-2, а Барнли со 0-3 славеше кај Ватфорд.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе