Клубот ќе бара алтернативно решение за платата на 200 вработени

Ливерпул под притисок на јавноста ја повлече срамната одлука и се извини

„Црвените" го навлекоа гневот на јавноста откако изминатиов викенд решија вработените од администрацијата да ги испратат на принуден одмор со цел британската влада да им ги покрие платите.

Ливерпул се пишмани. Клубот од Енфилд планираше околу 200 вработени од администрацијата да ги испрати на принуден одмор и да ја користи мерката на британската влада со која државата ќе исплаќа 80% од платата (до 2.500 фунти) на луѓето чија работа е афектирана од коронавирусот.

Фановите веднаш се побунија, многу јавни личности испратија критики, а силно удрија и легенди на клубот како Џејми Карагер и Дитмар Хаман. Проблем е тоа што „црвените“ во последниот финансиски извештај се пофалија со рекордни приходи од 533 милиони фунти, и над 40 милиони фунти добивка.

По бурните реакции, Ливерпул вечерва соопшти дека ја повлекува одлуката и им се извини на фановите. Актуелниот шампион на Европа најави дека ќе побара алтернативни начини за сите вработени да си ја добијат платата.

Голем број на клубови ширум Европа постигнаа договор со своите фудбалери да се откажат од дел од своите милионски примања за останатите вработени да можат редовно да примаат плата, но клубовите од Англија се уште не повлекуваат ваков чекор, бидејќи се плашат да не ги налутат своите ѕвезди.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе