Премиерлига

Ливерпул по година дена победи на гости кај ривал од топ 6, освоен Стемфорд Бриџ за 15. победа во низа (ВИДЕО)

„Црвените" ја забележаа 15. победа во низа во Премиерлигата откако по година дена конечно победија на гостување кај ривал од топ 6, Ливерпул го совлада Челси и го освои Стемфорд Бриџ со 1-2.

Ливерпул година дена нема победа на гости кај екипа од топ 6, но избраниците на Јирген Клоп ја прекинаа оваа мала лоша серија и попладнево триумфираа на Стемфорд Бриџ.

Резултатот беше отворен во 14. минута кога по еден слободен удар од врвот на шеснаесетникот Салах со пета остави за Александер Алнолд а Анличанецот неодбранливо биеше во аголот за 0-1.

Азпиликета мислеше дека донесе изедначување во 27. минута, но славјето беше залудно откако ВАР го поништи голот поради офсајд на зачетокот од акцијата. Кратко потоа Фирмино одлично се снајде покрај двајца дефанзивци и со глава донесе водство од 0-2.

„Сините“ не се предадоа и во 71. минута преку Канте намалија на 1-2, но тоа беа се што сторија па „црвените“ го задржаа 100% учинок и ја забележаа 15-та победа во низа во Премиерлигата.

Арсенал направи голем кам-бек откако со играч помалку ја совлада Астон Вила. Гостите два пати водеа, најпрво со 0-1, а потоа и со 1-2, но со головите на Чемберс и Обамејанг во завршницата од мечот, „топчиите“ ги однесоа трите бода. Претходно, Вест Хем го совлада Манчестер јунајтед со 2-0 а Кристал Палас и Вулверхемптон одиграа 1-1.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе