Премиерлига

Ливерпул пак си имаше мака со ВАР но го победи Шефилд јунајтед (ВИДЕО)

Ливерпул славеше со 2-1 пртоив Шефилд јунајтед, гостите поведоа од белата точка но домаќините направија пресврт со головите на Фирмино и Жота.

Ливерпул пак си имаше мака со ВАР, но за разлика од дуелот со Евертон, избраниците на Клоп вечерва го совладаа Шефилд јунајтед.

Гостите поведоа со гол од пенал. Судијата досуди прекршок на врвот од шеснаесетникот за старт на Фабињо, но со прегледување на снимките, ВАР советуваше одлуката да се преиначи во најстрога казна а Берге погоди од белата точка за 0-1.

Пред крајот на првиот дел, Фирмино изедначи на 1-1, напаѓачот прв стигна до одбиената топка и рутински реализираше.

Салах во 62. минута погоди за 2-1, но голот беше поништен со помош на ВАР поради офсајд.

Сепак, две минути подоцна, Мане нафрли а Жота со глава ја затресе мрежата за водство на Ливерпул.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе