Пријателски натпревар

Ливерпул одигра реми против Спортинг, Бруно Фернандеш даде гол од преку 30 метри (ВИДЕО)

Ливерпул и Спортинг Лисабон одиграа нерешено 2-2, за црвените ова беше последен меч на турнејата во САД, Стефан Ристовски не беше дел од португалскиот тим, тој остана на рехабилитација од последната повреда.

Резултатот беше отворен уште во четвртата минута кога главната ѕвезда на Спортинг, Бруно Фернандеш биеше од голема далечина, Мињоле киксираше и топката заврши зад неговиот грб.

Резултатот беше изедначен во 20. минута кога Ориги се најде на вистинското место и искористи една одбиена топка. Пред крајот на првото полувреме Вајналдум реализираше за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1.

По само осум минути игра во второто полувреме Вендел го изедначи резултатот на 2-2, што беше и конечен исход.

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски остана во Лисабон каде се рехабилитира од последната повреда.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе