Премиерлига

Ливерпул не греши два пати, падна и Манчестер јунајтед за +16 на врвот и +30 над „ѓаволите“ (ВИДЕО)

Ливерпул маршира кон титулата откако го доби големото дерби со Манчестер јунајтед, Вирџил ван Дајк донесе водство а Мохамед Салах ја потврди победата за +16 на врвот и +30 во однос на „ѓаволите".

Манчестер јунајтед беше единствениот тим кој му откина бодови на Ливерпул оваа сезона откако на Олд Трафорд одигра 1-1 против лутиот ривал. Солшер се надеваше дека и вечерва ќе може да му ги помати сметките на Клоп, но „црвените“ се покажаа како пресилен противник и славеа со 2-0.

Вирџил ван Дајк донесе водство во 14. минута откако беше заборавен по еден прекин, а трите бода ги потврди Салах во 93. минута. Ливерпул многу порано можеше да ги осигура трите бода, во првиот дел им беа поништени два гола, еден на Фирмињо поради прекршок над Де Хеа и еден на Вајналдум поради офсајд.

Домаќините имаа уште неколку убави прилики во продолжението од мечот но Салах и Мане не беа прецизни а Хендерсон ја погоди стативата.

Манчестер јунајтед се закани во неколку наврати, најсериозната шанса ја имаше Марсијал, но Французинот биеше многу лошо од добра позиција.

Со оваа победа, Ливерпул се зацврсти на врвот на табелата со +16 во однос на Манчестер Сити, а имаат и +30 во однос на вечниот ривал Манчестер јунајтед. Избраниците на Јирген Клоп исто такаа имаат и натпревар помалку.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе