Моќниот дефанзивец ќе потпише нов договор

Ливерпул ќе го направи Ван Дајк најплатен фудбалер во историјата на клубот

Ливерпул е блиску до потпишување на нов петгодишен договор со Вирџил ван Дајк со кој дефанзивецот ќе стане најплатениот играч во историјата на клубот.

Вирџил ван Дајк ќе потпише договор според кој ќе добива 220.000 фунти неделна плата, ниту еден друг фудбалер на Ливерпул досега не бил толку платен.

Договорот ќе стави крај на шпекулациите кои го поврзуваат дефанзивецот со ПСЖ.

Францускиот гигант на Ван Дајк му нуди неделна плата од 280.000 фунти неделно, но Холанѓанецот ќе остане во Ливерпул.

Сегашната плата на Ван Дајк изнесува 180.000 фунти неделно, со новиот договор ќе добие покачување од 40.000.

Ливерпул го купи Ван Дајк од Саутемптон во јануари 2018 за 75 милиони фунти што тогаш беше рекорден трансфер за дефанзивец. Вирџил се покажа како клучна алка за успесите на тимот.

Со стабилноста која ја донесе во дефанзивната линија на Ливерпул, Ван Дајк се покажа како можеби најважен фактор за освојување на Лигата на шампионите минатата сезона и за Премиерлигата која наскоро треба да биде заверена.

 

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе