Конте ќе збесне откако остана без уште едно засилување

Ливерпул го „украде“ Луис Диаз од пред носот на Тотнем

Неколку извори пренесуваат дека Ливерпул е многу блиску до ангажман на Луис Диаз од Порто, „црвените" успеаја да го „украдат" Колумбиецот пред носот на Тотнем.

Антонио Конте ќе збесне, остана без две засилувања поради тоа што Тотнем се ценкаше. Откако Барселона набрзина успеа да договори трансфер на Адама Траоре, и Ливерпул истото го стори со Луиз Диаз од Порто.

„Црвените“ доставија богата понуда до Порто, одредени извори говорат за 40 милиони евра, плус додатни 25 милиони во бонуси, додека пак други пишуваат за 45 милиони евра, плус додатни 15 милиони во бонуси.

Преговорите за кратко време влегоа во финална фаза, се очекува Луис Диаз во Аргентина да ги помине редовните лекарски прегледи и до крајот на преодниот рок да го комплетира трансферот на Енфилд.

Останува да се види дали со овој трансфер, Јирген Клоп и Ливерпул се подготвуваат за заминување на некој од Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе