Антонио Конте ќе збесне, остана без две засилувања поради тоа што Тотнем се ценкаше. Откако Барселона набрзина успеа да договори трансфер на Адама Траоре, и Ливерпул истото го стори со Луиз Диаз од Порто.
„Црвените“ доставија богата понуда до Порто, одредени извори говорат за 40 милиони евра, плус додатни 25 милиони во бонуси, додека пак други пишуваат за 45 милиони евра, плус додатни 15 милиони во бонуси.
Преговорите за кратко време влегоа во финална фаза, се очекува Луис Диаз во Аргентина да ги помине редовните лекарски прегледи и до крајот на преодниот рок да го комплетира трансферот на Енфилд.
Останува да се види дали со овој трансфер, Јирген Клоп и Ливерпул се подготвуваат за заминување на некој од Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино.