Премиерлига

Ливерпул го спушти Арсенал на земја, два гола на Салах за нова победа на „црвените“ (ВИДЕО)

Ливерпул ја доби дерби пресметката со Арсенал на Енфилд, избраниците на Јирген Клоп на крилјата на Мо Салах стигнаа до триумф од 3-1.

„Топчиите“ за прв пат по десет години ја отворија сезоната со две победи, па во прилично добра атмосфера допатуваа на Енфилд. Сепак, Ливерпул вечерва ги спушти на земја и ги совлада со 3-1.

Арсенал имаше неколку убави шанси да го отвори резултатот, но откако не ги искористи своите прилики, казната стигна во финишот на првиот дел кога Матип скокна највисоко по еден корнер и погоди за 1-0.

„Црвените“ веќе на стартот од вториот дел ги решија сите дилеми. Салах најпрво погоди од пенал, а потоа следеше негова мајсторија, се ослободи од Луиз и Монреал и пласираше на подалечната статива за 3-0.

До крајот на натпреварот, Тореира постигна само почесен гол за Арсенал.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе