Премиерлига

Ливерпул го реши и Барнли и испиша нов клупски рекорд (ВИДЕО)

Ливерпул испиша нова клупска историја и сега има серија од 13 победи во Премиерлигата откако вечерва со 0-3 славеше на гостувањето кај Барнли.

Ливерпул запиша уште една победа, вечерва избраниците на Клоп триумфираа на незгодното гостување на Трф Мур.

Резултатот беше отворен во 33. минута кога еден центаршут на Арнлод испадна атрактивен лоб. Топката го закачи Вуд, го промени правецот и ги изненади голманот Поуп кој само гледаше како таа завршува зад неговиот грб во мрежата.

Пет минути подоцна веќе беше 0-2. Едно грешно додавање отвори контра за Ливерпул а Фирмино му асистираше на Мане за 0-2. Во 80. минута од мечот Фирмино ги постави конечните 0-3.

За „црвените“ ова беше 13. победа во низа во Премиерлигата, и тоа е нов клупски рекорд.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе