Премиерлига

Ливерпул го победи Ватфорд и се качи на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Немаше изненадување на Енфилд, Ливерпул со 2-0 го победи Ватфорд и се искачи на првото место на табелата каде ќе биде најмалку додека заврши дуелот на Манчестер Сити кај Барнли. 

Резултатот го отвори Диого Жота во 22. минута кој погоди со глава по една убава асистенција од Гомез.
 
Ватфорд имаше неколку убави шанси на натпреварот, не ги искористи, па Ливерпул во самиот финиш ги постави конечните 2-0.
 
По прегледување на ВАР беше покажан пенал за црвените кој го реализираше Фабињо за 2-0.
 
Ливерпул сега има два бода повеќе од Манчестер Сити, но тимот на Пеп Гвардиола допрва треба да игра кај Барнли кој е претпоследен на табелата.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе