Меѓу двата меча против Виљареал во Лигата на шампионите, Ливерпул освои важни три бода од гостувањето кај Њукасл кој беше во одлична форма пред овој меч со четири победи по ред.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 19. минута кога Кеита најдобро се снајде и погоди за водство на Ливерпул од 1-0 што беше и конечен резултат.
До крајот на натпреварот Ливерпул имаше уште неколку одлични шанси за гол но не успеа да постигне втор погодок. Сепак целта е остварена, трите бода се освоени.
По оваа победа Ливерпул се качи на првото место на табелата, а дали ќе остане само ако Манчестер Сити не успее да победи на гостувањето кај Лидс.