Лига на шампиони

Ливерпул го победи Милан во луд меч на Енфилд, Родриго го шокираше Интер во 90. минута (ВИДЕО)

Ливерпул со 3-2 го победи Милан во еден супер интересен натпревар на Енфилд, Реал Мадрид со гол на Родриго во 90. минута ги освои трите бода од гостувањето кај Интер. 

Ливерпул имаше тотална доминација, поведе уште во 9. минута кога Александер Арнолд шутираше, топката го удри Томори и влезе во мрежата на Мањан.
 
Само пет минути подоцна Салах не реализираше пенал, Мањан го одбрани неговиот удар.
 
Се редеа шанси кон гостинскиот гол, а фудбалерите на Милан изгледаа изгубено, но финишот на второто полувреме донесе чудо.
 
Најпрво Ребиќ во 42. минута изедначи на 1-1, а две минути подоцна Брахим Диаз се најде на вистинското место и погоди за пресврт и водство на Милан од 2-1 од единствените два шута во голот.
 
Со самиот почеток на вториот дел Салах изедначи на 2-2, а во 69. минута Хендерсон со убав гол од далечина донесе победа на Ливерпул од 3-2.
 
На Џузепе Меаца беше постигнат само еден гол и тоа во самиот финиш на мечот, се радуваа фудбалерите на Реал Мадрид.
 
Интер беше подобар во првиот дел, Куртоа беше на висина на задачата, а во второто полувреме натпреварот беше изедначен, и двете екипи имаа свои шанси.
 
Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши нерешено, фудбалерите кои влегоа во вториот дел го решија. По асистенција од Камавинга, Родриго даде гол за победа на Реал Мадрид од 1-0.
 
Најмногу голови имаше во Манчестер на дуелот меѓу Сити и Лајпциг, тимот на Пеп Гвардиола победи со 6-3.
 
Аке, Махрез, Грилиш, Кансело, Габриел Жесус и еден автогол беа погодоците за Сити, Нкунку даде хет-трик за Лајпциг.
 
Ѕвездениот тим на ПСЖ се посрамоти, одигра само 1-1 на гостувањето кај Клуб Бриж иако во нападот за првпат заедно играше триото Меси, Мбапе и Нејмар.
 
Ерера донесе водство за ПСЖ, Ванакен израмни на 1-1. Клуб Бриж не само што не беше послаб, туку во голем дел од мечот беше и подобар противник.
 
Ајакс со 5-1 славеше на гостувањето кај Спортинг Лисабон. Халер даде дури четири гола, едедн беше дело на Бергуис. Паулињо го реализираше единствениот гол за Спортинг.
 
Немаше погодоци на дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Порто.
 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе