Премиерлига

Ливерпул го победи Лестер, Енфилд не е освоен 64 пати по ред, клупски рекорд (ВИДЕО)

Ливерпул со убедливи 3-0 го победи Лестер и се израмни со Тотнем на врвот на табелата каде е на второто место само поради послаба гол разлика. 

Јирген Клоп се соочува со големи проблеми поради повреди, а има и отсуства поради ковид-19. Но и покрај тоа Ливерпул денеска одигра брилијантен меч и убедливо го победи Лестер.

Ова беше рекордна победа, 64 меча на свој терен без пораз, Енфилд никогаш не бил понеосвоива тврдина.

Во 21. минута Еванс си постигна автогол, а 20 минути подоцна по одлично нафрлување од Робертсон Жота зголеми на 2-0.

На четири минути пред крајот Фирмино реализираше со глава за конечни 3-0.

По девет одиграни меча Ливерпул има 20 бодови, исто како и Тотнем кој останува лидер на таблата поради подобра гол разлика.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе