Премиерлига

Ливерпул го победи Борнмут и постави нов рекорд во Премиерлигата (ВИДЕО)

Ливерпул со пресврт дојде до победа од 2-1 над Борнмут и стана тимот со најмногу победи во серија на домашен терен во најдобрата англиска лига. 

Ливерпул денеска дојде до 22. победа по ред во Премиерлигата остварена на домашен терен, со тоа стана тимот со најдолга победничка серија на свое тло во најдобрата англиска лига.
 
Мечот одлично почна за Борнмут, гостите поведоа со гол на Вилсон уште во деветата минута. Погодокот беше контроверзен, според многумина требаше да биде досуден фаул за Ливерпул при воведниот дел од акцијата на противникот. Но тоа не се случи.
 
Во 25. минута Салах изедначи на 1-1, а осум минути подоцна Мане погоди за комплетен пресврт и победа од 2-1.
 
Оваа победа добро му дојде на Ливерпул бидејќи во претходните четири меча во сите натпреварувања имаа дури три порази.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе