Ливерпул

Ливерпул го комплетираше трансферот на Тиаго Алкантара

Ливерпул го потврди трансферот на Тиаго Алкантара од Баерн Минхен, тој на Енфилд пристигнува за сума од 30 милиони евра, потпиша четоригодишен договор. 

Тиаго Алкантара е нов играч на Ливерпул, тој денеска го комплетираше трансферот од Баерн Минхен.
 
„Ливерпул го комплетираше перманентниот трансфер на Тиаго Алкантара од Баерн Минхен. Шпанскиот фудбалер од средниот ред стави потпис на долгорочен договор со црвените“ се вели во соопштението на клубот.
 
Овој трансфер ќе го чини Ливерпул 30 милиони евра од кои 25 ќе бидат платени веднаш, а 5 во лесно остварливи бонуси.
 
„Чувството е неверојатно, долго време го чекав овој момент, и многу, многу сум среќен што сум тука“, изјави Тиаго за сајтот на Ливерпул.
 
Алкантара е второ засилување за Ливерпул во овој преоден рок, претходно беше донесен Костас Цимикас, а следна цел на Клоп е Диого Жота од Вулвс.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе