Клубот потврди

Ливерпул го комплетираше рекордниот трансфер на Дарвин Нуњез

Ливерпул го потврди трансферот на Дарвин Нуњез, Уругваецот стави потпис на повеќегодишен договор со црвените од Енфилд. 

Нуњез и официјално го комплетираше трансферот од Бенфика во Ливерпул.
 
„Ливерпул го комплетираше потпишувањето со Дарвин Нуњез од Бенфика. Уругваецот потпиша долгогодишен договор со црвените“, стои во соопштението на клубот.
 
Се верува дека вкупната сума која Ливерпул ќе ја плати за 22-годишниот фудбалер е 100 милиони евра, што е рекордна за клубот.
 
„Многу сум среќен што сум тука во Ливерпул. Ова е огромен клуб“, вели Нуњез.
 
„Сум играл против Ливерпул и многу мечеви сум им гледал во Лигата на шампионите, тоа е мојот стил на игра. Има тука одлични играчи кои мислам дкеа ќе одговараат на мојот стил на игра“.
 
„Ќе дадам се од себе со цел да му помогнам на тимот“.
 
Нуњез ќе го носи дресот со број 27.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе