Премиерлига

Ливерпул го изедначи рекордот на Нотингем од 1978, сега цели кон постигнувањето на Арсенал (ВИДЕО)

Ливерпул со 4-0 го совлада Саутемптон и го изедначи рекордот на Нотингем Форест од 42 натпревари без пораз, „црвените" сега го меркаат постигнувањето на Арсенал.

Машинеријата на Клоп продолжува да меле, денеска беше совладан Саутемптон со 4-0. „Светците“ беа рамноправен противник во првиот дел, но капитулираа веќе на стартот од вториот дел и тука се распаднаа.

Окс го отвори резултатот во 47. минута, Хендерсон зголеми на 2-0 по еден час игра, Салах погоди за 3-0, а во завршните мигови, Египјанецот реализираше по втор пат за конечни 4-0.

Со оваа победа, Ливерпул сега има 22 бода предност на врвот на табелата, а го изедначи и рекордот на Нотингем Форест, кој во периодот од ноември 1977 до декември 1978 година, на 42 меча во низа не знаел за пораз.

Пред „црвените“ сега е постигнувањето на Арсенал, „топчиите“ имаат серија од 49 меча без пораз.

На останатите натпревари од 16 часот, Борнмут со 2-1 ја совлада Астон Вила, Шефилд јунајтед со 0-1 триумфираше кај Кристал Палас, Вест Хем и Брајтон одиграа 3-3, Евертон во финишот со играч помалку го совлада Вотфорд со 2-3 а на натпреварот помеѓу Њукасл и Норич немаше погодоци.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе