Објавени финансиските резултати за 2018/19

Ливерпул „гази“ и надвор од терените, оствaрени рекордни приходи и инвестирани 223 милиони во фудбалери

„Црвените" денеска ги објавиja финансиските резултати за сезоната 2018/19, Ливерпул забележал рекордни приходи од 533 милиони фунти како и профит пред оданочување од 42 милиони фунти, а били инвестирани 223 милиони во фудбалери.

Клубот од Енфилд ужива прилично успешен период, минатата сезона триумфираше во Лигата на шампионите, а во Премиерлигата до последното коло водеше возбудлива битка со Манчестер Сити.

Избраниците на Клоп сега не знаат за пораз во Премиерлигата и се на чекор до титула во првенството на Англија, прва по 30 години. Покрај одличните перформанси, Ливерпул беше и извонредни резултати надвор од терените.

Денеска беа објавени финансиските извептаи за сезоната 2018/19 и „црвените“ се пофалија со рекордни приходи од 533 милиони фунти. Клубот исто така остварил и профит пред оданочување од 42 милиони фунти.

Раководството не штедело и биле инвестирани 223 милиони фунти во фудбалери. Со овие пари се купени Алисон, Кеита, Фабињо и Шакири а обновени се и договорите на 11 првотимци помеѓу кои Салах, Мане, Фирмино, Александер Арнолд, Робертсон и капитенот Хендерсон.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе