Премиерлига

Ливерпул е шампион на Англија, Манчестер Сити загуби од Челси! (ВИДЕО)

Челси со 2-1 го победи Манчестер Сити, а тоа значи дека вечерва Ливерпул и официјално ја освои Премиерлигата, црвените станаа шампиони на Англија за прв пат по 30 години. 

Вечерва Манчестер Сити не требаше да победи на Стемфорд Бриџ за Ливерпул да ја завери титулата, тоа и се случи, тимот на Пеп Гвардиола беше поразен по што славјето на црвените може да почне.
 
Ливерпул одигра перфектна сезона во Премиерлигата и на седум кола пред крајот стана шампион на Англија по 19. пат.
 
Резултатот беше отворен во 36. минута кога Менди направи голем кикс, тоа го искористи Пулишиќ кој со брз трк дојде до позиција еден на еден со Едерсон и ја затресе неговата мрежа за водство од 1-0.
 
По десет минути игра во второто полувреме Де Брујне со мајсторски гол од слободен удар го изедначи резултатот на 1-1.
 
Брзо потоа одлична шанса имаше Стерлинг за комплетен пресврт но ја погоди само стативата од голот на Кепа.
 
Следуваа шанси на Челси, Пулишиќ пропушти голема прилика, топката од неговиот шут беше исфрлена токму од гол линијата.
 
Во 75. минута се случи голема мешаница пред голот на Сити, Фернандињо играше со рака на гол линијата, по консултации со ВАР беше покажан пенал за Челси а играчот на Сити доби црвен картон. Вилијан беше сигурен реализатор на пеналот за победа на Челси од 2-1.
 
Ова беше многу важна победа за Челси во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите, но уште поважен резултат за Ливерпул кој се радува на големиот трофеј.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе