Лига на шампиони

Ливерпул е перфектен, го победи и Атлетико во Мадрид (ВИДЕО)

Ливерпул со 3-2 победи на гостувањето кај Атлетико Мадрид и по три меча има максимални три бода, Милан загуби кај Порто и е последен без освоен бод. 

Ливерпул имаше фуриозен почеток на мечот. Салах даде гол во осмата минута за водство од 1-0, а пет минути подоцна Кеита погоди за 2-0.
 
Потоа почна шоуто на Гризман, погоди во 20. и 34. минута за израмнување на 2-2.
 
Но, наместо херој, Гризман се претвори во трагичар откако во 52. минута заработи црвен картон и го остави својот тим со играч  помалку.
 
Во 76. минута Салах реализираше од пенал за победа од 3-2.

Порто со 1-0 го победи Милан, погодокот го реализираше Диаз во 65. минута.
 
Милан по три меча се уште нема освоено бод во Лигата на шампионите.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе