Премиерлига

Ливерпул дели бодови на Енфилд, и Фулам си замина со победа (ВИДЕО)

На кој му требаат бодови може да отиде на Енфилд и да ги освои, Ливерпул таму никако да победи, веќе шести натпревар по ред губат на домашен терен, овој пат со 1-0 од Фулам. 

Нов голем кикс на Ливерпул кој пласманот во топ четири веќе го прави исклучително тежок, тимот на Клоп изгуби и од Фулам.
 
Фулам кој се бори за опстанок изгледаше како идеален противник за да се прекине негативната серија, но не беше така, Ливерпул одигра лош меч, а момците на Паркер изгледаа мотивирано и лесно можеше да си заминат и со поубедлива победа.
 
Клучниот момент се случи пред крајот на првото полувреме кога Лемина постигна гол за водство на Фулам од 1-0 кое се покажа и како конечен резултат.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе