Французинот е четврто засилување за Зидан ова лето

Лион и Реал потврдија, Менди во Мадрид за 48 милиони евра плус додатни 5 милиони!

Лион и Реал вечерва официјално го соопштија трансферот на Ферлан Менди, левиот бек пристигнува во Мадрид за 48 милиони евра, плус додатни 5 милиони во бонуси.

Зделката се најавуваше со денови а оваа недела селекторот на Франција, Дидје Дешам откри дека Ферлан Менди ќе го облече дресот на „кралевите“.

Вечерва пристигна и официјална потврда од Реал Мадрид и Лион, левиот бек се сели на Бернабеу за 48 милиони евра плус додатни 5 милиони евра во бонуси.

Ферлан Менди ќе стави потпис на договор до 2025 година, и ќе биде четврто засилување за Зинедин Зидан ова лето по Едер Милитао, Лука Јовиќ и Еден Азар.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе