Холанѓанецот беше најавен како ново засилување за Куман

Лион: Барселона нема пари да го купи Депај

Првиот човек на Лион, Жан Мишел Ола вели дека разговарал со својот колега од таборот на Барселона и добил информација дека „каталонците" во моментов не можат да достават понуда за Мемфис Депај.

Медиумите од Холандија денеска го најавија Мемфис Депај како засилување за Роналд Куман. Се пишуваше дека Барса и Лион договориле трансфер од 30 милиони евра и напаѓачот до крајот на неделата ќе стане нов член на „каталонците“.

Сепак, неколку извори подоцна објавија дека се уште нема договор, а вечерва, гласините ги прокоментира и првиот човек на Лион, кој се огласи на Твитер.

„Претседателот на Барса во неделата ми кажа дека Барса е погодена многу од коронавирус кризата и во моментов невозможно е да достават понуда“ - гласеше пораката на Жан Мишел Ола заедно со веста во која се вели дека Мемфис Депај оди во Барса за 30 милиони евра.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе