Од 16 часот во Премиерлигата на програмата беа пет натпревари, а највозбудливо беше во Северен Лондон, Тотнем го победи Лидс со 4-3.
Гостите три пати водеа, но бодовите на крајот ги однесе Тотнем благодарејќи на Родриго Бентанкур.
Резултатот го отвори Самервил, кој погоди по десет минути игра. Кејн изедначи на 1-1 во 25. минута, но Родриго реализираше во финишот на првиот дел за 1-2.
На стартот од второто полувреме, Дејвис со многу среќа изедначи на 2-2, за Родриго во 76. минута по втор пат да ја затресе мрежата на Тотнем и да донесе 2-3.
Потоа на сцена стапи Родриго Бентанкур, кој постигна два гола за три минути и донесе 4-3 и огромно славје на домаќините.
На останатите натпревари, Ливерпул со 3-1 го совлада Саутемптон, Борнмут со 3-0 славеше против Евертон, Лестер со 0-2 го победи Вест Хем, а Нотингем Форест стигна до три важни бода против Кристал и триумф од 1-0.