Македонецот заминува од „Еланд Роуд“

Лидс се раздели со Алиоски: Ќе им недостасуваш на соиграчите (ФОТО и ВИДЕО)

Лидс попладнево соопшти дека Езгјан Алиоски заминува од „Еланд Роуд" откако не прифатил ниту една понуда за продолжување на договорот.

Авантурата на Езгјан Алиоски во Лидс и официјално заврши, по четири години поминати во „белиот“ дрес, Македонецот заминува од „Еланд Роуд“.

Попладнево, Лидс соопшти дека не успеале да постигнат договор со популарниот Џани за продолжување на соработката и покрај тоа што биле доставени неколку понуди.

За разделбата со левиот бек, спортскиот директор Виктор Орта рече: „Знаев дека Џани ќе биде специјален од првиот миг кога влезе во зградата. Емоциите кои ги видов на неговото лице, и лицата на неговите родители кога беше потпишан договорот на „Еланд Роуд“ беше навистина убав момент и бев убеден дека ќе го даде максимумот за Лидс. Дури и ги надмина првичните очекувања“.

„Џани беше неверојатен и на теренот и надвор од него. Ќе им недостига на соиграчите и целиот персонал во „Торп Арч“ и „Еланд Роуд“. Сакам да му се заблагодарам на Џани за сѐ и да му посакам многу успех во иднина“.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе