Македонскиот фудбалер е по мерак на Биелса

Лидс му подготвува нов договор на Алиоски по одличната партија против Астон Вила

Англиските медиуми пишуваат дека Лидс планира да почне преговори со македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски за нов договор. 

Алиоски синоќа беше стартер на мечот против Астон Вила, играше како лев бек, го одигра целиот меч, а според „Скај Спортс“ беше еден од најдобрите фудбалери на теренот.
 
„Фудбал Инсајдер“ пишува дека Лидс планира да му понуди нов договор на Алиоски. Актуелниот договор му истекува по крајот на оваа сезона.
 
Марсело Биелса е голем фан на Алиоски иако не го игра секогаш во првата постава за него тој е значаен дел од тимот, од шест натпревари, нашиот фудбалер настапи на четири, од кои на два беше стартер.
 
Алиоски со своето екстровертно однесување стана култна фигура меѓу навивачите на Лидс, тој е најпозитивниот лик во соблекувалната, па неговото останување ќе биде значајно од повеќе аспекти.
 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе