Нашиот Алиоски доби шанса од клупата

Лидс џабе имаше два пати поголем посед, Астон Вила си замина со три бода (ВИДЕО)

Астон Вила стигна до победа од 0-1 на гостувањето кај Лидс, „белите" џабе имаа два пати поголем посед од противникот кога малку креираа.

Лидс пропушти да напредува на табелата откако вечерва загуби дома со 0-1 во пресметката со Астон Вила.

Клучниот момент се случи по пет минути игра, Ел Гази ја избегна офсајд замката и ја затресе мрежата на „белите“.

Избраниците на Бјелса се обидоа да се вратат во играа, имаа два пати поголем посед од противникот но сето тоа беше џабе кога малку креираа, особено во второто полувреме.

Нашиот Езгјан Алиоски мечот го започна на клупата за резерви и влезе во игра по осум минути во второто полувреме како прв џокер на Бјелса, но не успеа да помогне Лидс да избегне пораз.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе