Премиерлига
Лидс доживеа дебакл на Етихад, Манчестер Сити победи со 7-0! (ВИДЕО)

Лидс не ни бледа сенка од минатата сезона, столчето на Биелса почнува да се тресе, денеска неговите фудбалери беа буквално понижени на Етихад.
Дека ќе имаат непријатна вечер беше најавено уште во осмата минута од мечот кога Фоден постигна гол и го отвори резултатот.
Само пет минути подоцна Грилиш со глава реализираше за 2-0, а во 32. минута победи и Де Брујне за 3-0.
Голеадата продолжи по четири минути игра во вториот дел кога Махрез зголеми на 4-0.
Во 62. минута Де Брујне го постигна својот втор гол на мечот за 5-0, а потоа на сцена стапија дефанзивците.
Најпрво Стоунс во 74. минута зголеми на 6-0, а четири минути потоа Аке стави точка на мечот за конечни 7-0.
Фудбал
Објавено на
14 Декември 2021 - 23:07