Одредена е разврската во Лига 1

ЛФП и клубовите се договориле: ПСЖ е нов шампион на Франција, Ним и Стојановски се спасија од испаѓање

Медиумите од Франција пренесуваат дека ЛФП и клубовите постигнале согласност за разврската на сезоната, ПСЖ ќе биде прогласен за шампион а Амиен и Тулуз ќе се преселат во втора лига.

Владата на Франција го забрани спортот во државата до септември, па Лига 1 мораше да биде прекината. Изминативе денови имало серија состаноци за тоа каква ќе биде разврската, и неколку медиуми пишуваат дека денеска бил најден компромис помеѓу ЛФП и клубовите.

ПСЖ ќе биде прогласен за шампион, а Амиен и Тулуз ќе се преселат во втора лига. Тоа значи дека Ним на македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски ќе се спаси и ќе остане во елитата. Пласман од Лига 2 во Лига 2 ќе изборат Лориен и Ленс.

Во Лигата на шампиони ќе играат ПСЖ, Марсеј и Рен, додека пак во Лига Европа учество ќе добијат Лил, Ремс и Ница.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе