„Граѓаните“ нудат рекордни 125 милиони фунти

Леви не одговара на повиците од Манчестер Сити, Кејн разочаран зошто не го почитува договорот

Хари Кејн е фрустриран и разочаран од однесувањето на Даниел Леви, првиот човек на Тотнем одбива да го почитува џентлменскиот договор и не сака да разговара со Манчестер Сити и покрај тоа што „граѓаните" се подготвени да платат рекордни 125 милиони фунти.

Даниел Леви уште еднаш покажува дека е тежок човек за преговори, неколку извори од Англија пренесуваат дека Манчестер Сити е подготвен да плати рекордни 125 милиони фунти за услугите на Хари Кејн, но првиот човек на Тотнем одбива да прифати продажба и не крева слушалка.

Сето ова го фрустрира Хари Кејн, кој е разочаран од однесувањето на Даниел Леви. Напаѓачот верува дека има џентлменски договор помеѓу двете страни и „спарси“ треба да му дозволат да направи трансфер.

Како што пишуваат медиумите, Даниел Леви минатото лето му порачал на Хари Кејн дека Тотнем ќе стори се за во сезоната 2020/21 да биде освоен трофеј и да се обезбеди настап во Лигата на шампионите, а доколку не се остварат овие цели, тој ќе може да го напушти клубот.

„Спарси“ минатата сезона ја завршија без трофеј и на позицијата број 7 во Премиерлигата, па сега ќе играат во Конференциска лига, најслабото натпреварување во Европа.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе