Примера

Леванте стана кошмар за Атлетико Мадрид, за четири дена му скрати пет бода (ВИДЕО)

Леванте со 2-0 го победи Атлетико Мадрид на негов терен откако во средата на свое тло одигра 1-1 во заостанат меч од Примера. 

Леванте за краток период стана кошмар за Атлетико Мадрид, тимот на Енис Барди за четири дена успеа да скрати пет планирани бода од контото на тимот на Диего Симеоне.
 
Откако во средата во заостанатиот меч одиграа 1-1, денеска победија со 2-0 и тоа во Мадрид.
 
Леванте поведе со гол на Моралес во 30. минута.
 
До крајот на мечот, особено во второто полувреме Атлетико Мадрид со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но не им одеше.
 
Во 95. минута при еден корнер и Облак се пресели во шеснаесетникот на Леванте, а откако не успеаа да постигнат гол, Де Фрутос од средина на теренот го погоди празниот гол за победа од 2-0.
 
Енис Барди го одигра целиот натпревар.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе