Куп на Шпанија

Леванте и Барди немаа среќа, Атлетик Билбао со гол во 112. минута избори финале против Барселона (ВИДЕО)

Атлетик Билбао ќе игра против Барселона во финалето од Купот на Шпанија откако во меч кој траеше 120 минути го совлада Леванте со 2-1. 

Ништо од историско финале за Леванте и Барди, со несреќен гол во 112 минута од мечот се елиминирани.
 
Натпреварот почна одлично за Леванте, со гол на Роџер во 17. минута дојдоа до водство од 1-0. Но само 13. минути подоцна Гарсија изедначи од пенал на 1-1.
 
Барди поради ситната повреда која ја имаше, мечот го почна од клупата, но во игра влезе на стартот од второто полувреме.
 
Немаше погодоци во вториот дел, резултатот 1-1 беше идентичен на оној од првиот натпревар, па мечот отиде во продолженија.
 
Пред крајот на првото продолжение Барди имаше одличен шут од слободен удар но гостинскиот голман му одбрани.
 
Во 112. минута Беренгуер шутираше од далечина, топкакта удри играч на Леванте, па со помош на стативата влезе во голот за водство и победа на Атлетик Билбао од 2-1.
 
Во финалето тие ќе играат против Барселона која синоќа ја совлада Севиља.
 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе