Примера

Леванте и Барди ја продлжија мизеријата на Севиља и обезбедија опстанок во Примера (ВИДЕО)

Леванте и Енис Барди и следната сезона ќе играат во најсилното првенство на Шпанија, со победа од 2-1 над Севиља го потврдија новиот настап во Примера

Леванте на нашиот Енис Барди обезбеди опстанок во Примера. На домаќините им требаше само бод за да ги разрешат сите дилеми, но тие стигнаа до цел плен и ја продолжија мизеријата на Севиља.

Резултатот беше отворен во 11. минута, Моралес се прошета во петерецот на гостите а Рожер биеше прецизно за 1-0. Севиља одговори пет минути подоцна, Фернандез со прекрасен удар од врвот на шеснаесетникот биеше неодбранливо во аголот за 1-1.

Избраниците на Монтела потоа имаа неколку шанси за водство, а кога не ги реализираа, казната стигна преку Моралес во 74. минута. Капитенот на Леванте се најде осамен пред гостинскиот голман и реализираше за 2-1 и голема радост.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе