Полскиот напаѓач чувствува неправда

Левандовски: Златната топка требаше да ја добие Левандовски

Роберт Левандовски смета дека е украден поради одлуката оваа година да не биде доделена наградата Златна топка. 

Левандовски постигна 55 голови во 47 натпревари во изминатата сезона, Баерн Минхен ја освои Лигата на шампионите, Бундеслигата и Купот на Германија.
 
Полскиот напаѓач имаше перфектна сезона и според многумина тој требаше да ја добие Златната топка.
 
Иако сезоната беше комплетно одиграна и покрај прекинот поради коронавирусот, „Франс фудбал“ одлучи оваа сезона да нема Златна топка. Одлуката не е фер особено што некој друг освен Роналдо и Меси требаше да добие награда и за прв пат ја почувствува големината на ова признание.
 
Во интервју за полскиот медиуми „Спортове Факти“, Левандовски беше запрашан на кој би му ја дал Златната топка.
 
Тој без двоумење одговори: „На Левандовски“.
 
„Освоивме се што можеше да се освои со Баерн. Во секое натпреварување: Бунеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите, јас бев најдобар стрелец“.
 
„Кога Франс фудбал ја донесе одлуката да нема Златна топка, не размислував на тоа. Пред нас имавме многу натпревари тогаш. Мој приоритет беше Лигата на шампионите. Не размислував на индивидуални награди“.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе