Напаѓачот сака да замине од Минхен

Левандовски во соблекувалната зборувал на полски, но еден збор сите фудбалери на Баерн го разбрале

Според пишувањата на Билд, Роберт Левандовски имал телефонски разговор во соблекувалната на Баерн, напаѓачот зборувал на полски, но сите фудбалери разбрале еден збор – Барса.

По пресметката со Волфзбург, Роберт Левандовски изјави дека тоа веројатно бил негов последен натпревар во дресот на Баерн Минхен и ја повика управата на клубот да се најде решение кое ќе одговара на двете страни.

„Баварците“ веднаш му порачаа дека мора да ја одработи последната година од договорот, па се очекуваат тензични месеци на „Алианц Арена“.

Како што пренесува Билд, Роберт Левандовски неодамна во соблекувалната имал телефонски разговор, напаѓачот зборувал на полски, но сите фудбалери разбарале еден збор.

„Роберт Левандовски зборуваше гласно на телефон во соблекувалната, иако напаѓачот разговараше на полски, еден збор беше разбран од сите иако никој не го познава јазикот“ – пишува Билд.

Зборот е Барса, фудбалерите слушнале како Роберт Левандовски постојано го повторува името на клубот од Камп Ноу.

Се верува дека „каталонците“ се следната дестинација на напаѓачот, и според новинарот Николо Шира, паднал дил за тригодишна соработка.

„Роберт Левандовски е се поблиску до Барса. Договорени се личните услови за соработка до 2025. Сега Барса ќе седне на маса со Баерн за да го комплетира трансферот“ – напиша новинарот на Твитер.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе